Фудбалскиот клуб Ајакс моментално минува низ една од најголемите кризи од основањето на клубот.
Во деветтото коло од Ередивизие, Ајакс загуби во Утрехт со 4:3 (1:0).
По овој нов пораз, клубот кој пред пет години беше на прагот да игра во финалето на Лигата на шампионите е во зоната за испаѓање.
Невидена резултатска криза има во редовите на клубот кој 36 пати беше шампион на Холандија, а тоа може да се оправда со тоа што Ајакс го смени целиот тим. Клубот го напуштија сите играчи од таа позната генерација која му донесе многу радост на Ајакс.
По поразорт од Утрех, Ајакс се наоѓа на претпоследното место на табелата со само пет бода и само една победа во седум одиграни натпревари.
Foto/ EPA
Текстот Ајакс e во невидена криза е превземен од МАКФАКС.