Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман.
На средбата се разговараше за евроинтеграциите, уставните измени и за швајцарската помош на нашата земја.
Ахмети ја информирал амбасадорката Хулман и за интегративниот пат на земјата вклучувајќи го и скринингот процесот, оценувајќи дека Република Северна Македонија ги исполнува условите за продолжување на интегративниот процес.
Усвојувањето на уставните измени е опишано како неопходна потреба бидејќи земјата нема друга алтернатива, освен членството во големото европско семејство.
Ахмети изразил благодарност за помошта на швајцарската влада, за континуираната поддршка што ѝ ја нуди на нашата земја преку разните програми, кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, но и демократизацијата на процесите во државата.
Текстот Ахмети на средба со Хулман: Усвојувањето на уставните измени неопходна потреба, земјата нема друга алтернатива, освен членство во големото европско семејство е превземен од МАКФАКС.