Раководството на Аугсбург му врачи отказ на досегашниот тренер Енрике Масен поради слабите резултати на стартот од новата сезона во Бундеслигата.
Во соопштението на германскиот клуб се наведува дека челниците на Аугсбург сметале дека е неопходна промена на тренерот по елиминацијата во Купот на Германија од третолигашот Унтерхахинг и само една победа и две нерешени во првите седум кола од Бундеслигата.
„По опсежни разговори и проценка на спортската ситуација, Аугсбург одлучи да му ја предаде оставката на тренерот Енрике Масен“, соопштија од германскиот клуб.
Масен (39) го презеде Аугсбург во 2022 година, а минатата сезона со овој клуб успеа да остане во Бундес лигата.
Тој е првиот тренер во Бундеслигата кој доби отказ оваа сезона.
Екипата на Аугсбург ќе ја води Тобијас Штробл до именување на нов тренер.
Аугсбург е на 15. место на табелата во Бундеслигата со само пет бода.
Foto/ Profimedia
Текстот Аугсбург го отпушти тренерот Масен е превземен од МАКФАКС.