Алкараз не можеше да се спрви со сервисот на Зверев – Германецот со победа го започна Завршниот мастерс

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Александар Зверев со победа над Карлос Алкараз стартуваше на Завршниот мастерс во Торино. Германецот со перфектен сервис победи во три сета и само ја продлабочи кризата во која за неоѓа младиот Шпанец.

Првиот меч во „Црвентата група“ траеше речиси два и пол часа, Зверев победи со 6/7, 6/3, 6/4.

Првиот сет му припадна на Алкараз во тај-брејот, откако успеа да се врати по водството на Зверев од 3:1.

Откако го загуби првиот сет, Германецот го подигна нивото на својата игра во раната фаза на вториот сет направи брејк, а потоа беше надмоќен во своите сервис гемови. По исто сценарио се одвиваше и третиот сет.

Во вториот меч од оваа група, вечерва од 21 часот ќе играат Данил Медведев и Андреј Рубљов.

Текстот Алкараз не можеше да се спрви со сервисот на Зверев – Германецот со победа го започна Завршниот мастерс е превземен од МАКФАКС.