Алкалоид поразен од Војводина во Лига Европа

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ракометарите на Алкалоид со пораз дебитираа на европската сцена. Вечерва во „Јане Сандански“, Алкалоид загуби од Војводина со 26;31 (13:15).

Составот на Кире Лазаров се прикажа во добро светло против освојувачот на ЕХФ во минатата сезона. На крајот преуси неискуството и лошата реализиција на пеналите. Играчите на Алкалоид погодија пет од деветте удари од седум метри.

Она од што Кире Лазаров треба да биде задоволен е што неговите играчи во ниту еден момент не се предадоа. Во вториот дел имаа минус од седум гола (20:27), но со серија од пет гола, која ја иницираше голманот Трајкоски со четири одбрани, се вратија во мечот. Сепак немаа сили за цњлосен пресврт.

Џонов го предводеше Алкалоид со осум гола, по пет постигнаа Митев и Бинго. Најефикасен кај Војводина беше Воркапиќ со осум погодоци.

Во првиот натпревар од оваа група Силкеборг ја победи Ла Риоха со 34:25.

Фото/ facebook.com/rkalkaloid

Текстот Алкалоид поразен од Војводина во Лига Европа е превземен од МАКФАКС.