АД ЕСМ: Сите набавки се направени на транспарентен начин, согласно законот

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

АД ЕСМ потпиша договор за рамковна спогодба за јавна набавка за Сервис и редовни периодични прегледи на гасни мотори во Подружница Енергетика Скопје со економскиот оператор Спектартермо доо Скопје.

„Компанијата „Спектартермо“ е единствена компанија која има лиценца за извршување на ваква дејност. Официјална лиценца претходно имала компанијата „Флекспауер“, но годинава им е одземена лиценцата од производителот и е дадена е на нова компанија“, велат од компанијата.

Појаснуваат дека согласно Законот за јавни набавки, кога се работи со преговарање, а се преговара само и единствено со компании кои се овластени и единствени за вршење на одредена дејност, АД ЕСМ продолжува со преговорите со оние кои ја имале лиценцата, во овој случај се работи за компанијата „Спектартермо“ која е единствена која има лиценца за вршење на оваа дејност.

Јавната набавка е спроведена согласно Законот за јавни набавки и Бирото за јавни набавки, децидни се од АД ЕСМ.

Текстот АД ЕСМ: Сите набавки се направени на транспарентен начин, согласно законот е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn