Денеска во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавјето 33, „Финансиски и буџетски одредби“ дел од Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“.
Во Поглавјето 33 се работи за нашата способност и административен капацитет како држава да придонесеме во заедничкиот буџет на ЕУ, кога ќе станеме полноправна земја членка на ЕУ, откако ќе станеме земја-членка. Некои од прашањата кои ќе бидат адресирани во рамките на ова поглавје веќе се обработени на ж билатералните скрининзи за Поглавје – 16 Даноци и 29 – Царина, кои се директно поврзани со ова поглавје.
Во своето воведно обраќање пред експертите на Европската комисија, заменик главниот преговарач со ЕУ и државана секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу-Халили, истакна дека како земја која ја има имплементирано Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) речиси 20 години, Северна Македонија континуирано го усогласува националното законодавство во оваа област, а и работиме на зајакнувањето на административните капацитети и развојот на ИТ системите, како дел од процесот за дигитализација на услугите.
„Некои од последните активности го вклучуваат и донесувањето на новиот Закон за органски буџет што е дел од реформата во јавните финансии. Истотака фискалниот совет е веќе формиран од Собранието во септември 2023 година“, нагласи меѓу другото Абдиу Халили.
Државната делегација за Поглавјето 33, на која е носител Министерството за финансии, ја сочинуваат и претставници од други релевантни институции како што се: Управата за јавни приходи, Царинската управа, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државен завод за статистика како и Секретаријатот за Европски прашања.
Следните билатерални скрининг состаноци со Европската комисија за Поглавје 13 – Рибарство, се предвидени да се одржат на 26 и 27 октомври во Брисел.
Текстот Абдиу-Халили: Новиот закон за органски буџет, дел од реформата во јавните финансии е превземен од МАКФАКС.